И покрај повеќегодишното истражување на научниците се уште постојат тајни во врска со однесувањето на ајкулите, кои од секогаш предизвикуваа љубопитност и страв.
Тим од биолози од хавајскиот Институт за морска биологија и Институтот за атмосферски и океански истражувања од Токио, прицврсти специјална камера, со брзинометар и магнетометар, на грбот на ајкулата и го набљудуваа нејзиното однесување.
Како што наведуваат научниците, камерата успешно ја снимила рибата како плива во формација со други видови на ајкули, како што се црноперките.
-Никогаш до сега не сме имале можност да видиме неколку видови ајкули заедно. Додека не ја употребивме оваа камера, немавме претстава дека постојат вакви групирања на неколку видови ајкули на само неколку километри од нашиот институт-велат научниците.
Е. Г.