ВИДЕО: Поплавите во Тексас однесоа над 50 жртви, уште се трага по десетици деца

Од:

Бројот на жртви од ненадејните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици исчезнати деца продолжува, соопштија локалните власти.

Силните поплави предизвикани од поројните дождови во петокот оставија 43 мртви во округот Кер, кој беше најтешко погоден, и вкупно седум мртви во три други окрузи, изјавија локалните власти за АФП.

Меѓу исчезнатите се 27 млади девојки од летниот камп „Камп Мистик“. Градскиот менаџер на Кервил, Далтон Рајс, рече дека може да има повеќе исчезнати лица во регионот.

Властите претходно соопштија дека поплавните води се повлекуваат околу реката Гвадалупе, околу 137 километри северозападно од Сан Антонио, каде што беа спасени најмалку 237 лица, повеќе од 100 со хеликоптер.

Претседателот Доналд Трамп рече дека ќе „се грижи за нив“ кога беше прашан за федералната помош за катастрофи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

Мексико: Поплавите уништија 100.000 домови, десетици се мртви, постои страв од уште една катастрофа