ВИДЕО: Половина Киев е без греење, Кличко повика жителите да го напуштат градот

Од:

Половина од станбените згради во Киев, речиси 6.000 од нив, моментално се без греење откако клучната инфраструктура во главниот град беше сериозно оштетена во голем руски напад. Градот се соочува и со прекини во водоснабдувањето, објавува Украинска правда.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок за клучната инфраструктура на главниот град.

„Комуналните работници ги поврзаа јавните објекти – особено болниците и породилиштата – со мобилни котларници. Заедно со енергетските работници, тие работат на враќање на електричната енергија и греењето во домовите на жителите на Киев“, рече Кличко.

„Градските служби работат во вонредни услови. За жал, се предвидуваат тешки временски услови за наредните денови“, додаде градоначалникот, апелирајќи до жителите.

„Исто така, апелирам до жителите на главниот град кои имаат можност привремено да го напуштат градот и да одат некаде каде што има алтернативни извори на електрична енергија и топлина, да го сторат тоа“, заклучи Кличко.

Нападот започна вечерта на 8 јануари, кога во Киев се слушнаа експлозии предизвикани од руски напад со беспилотни летала. Во Деснијанскиот округ, беспилотно летало удри во покривот на станбена зграда.

Потврдено е дека четири лица загинале во рускиот напад врз Киев. Поради оштетување на надземната мрежа и прекини на електричната енергија во регионот на Киев, имаше и доцнења во сообраќајот на некои патнички возови. До утрото на 9 јануари, повеќе од 500.000 потрошувачи во градот Киев и околината останаа без електрична енергија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот