ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Од:

Напаѓач со нож нападна и повреди неколку луѓе на плоштад во југозападниот германски град Манхајм, соопшти полицијата. Полицајците пукале во напаѓачот, кој исто така е повреден. Нема детални информации за тежината на повредите.

Според германските медиуми, во нападот бил повреден десничарскиот активист и антиисламски критичар Михаел Штурценбергер.

„Билд“ пишува дека Штруценбергер бил прободен со нож во пределот на вратот.

Како што пишува весникот, набргу по нападот, случајни минувачи се обиделе да го спречат напаѓачот, но тој се ослободил и нападнал полицаец, задавајќи му нож во грбот. Друг полицаец потоа го застрелал напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД