Британската полиција вчера му се извини на 61-годишниот човек, кого полицајци го совладале со електрошокови мислејќи дека неговиот стап е самурајски меч. Колин Фармер, кој е слеп, излегол на прошетка во својот град Чорли, а притоа не бил свесен што ќе му се случи неколку минути подоцна.
Колин одеднаш слушнал звук на камшикување и набрзо почуствувал како силен удар на струја му поминува низ телото. Тој раскажа дека во моментот кога го погодиле со електрошок, со јачина од 50.000 волти, бил уверен дека ќе умре.
Бев сигурен дека некој се обидува да ме убие. Полицаецот скокна врз мене и ми стави лисици толку грубо што сè на мене ме болеше – раскажува Колин, кој по мозочен удар останал слеп. Откако сфатиле дека со елeктрошок погодиле погрешна личност, полицајците го однеле Колин во болница.
Во полициската изјава се наведува дека полицајците чувствуваат длабоко жалење поради инцидентот, кој се случил откако полицијата примила неколку пријави за маж, кој низ градот се шета со самурајски меч. Така полицајците го помешале Колин со мажот со меч.