ВИДЕО: Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд доби 22 години затвор

Од:

Суд во американската држава Минесота денеска го осуди Дерек Шовин, полицаецот кој лани во мај го уби афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, на казна затвор од 22 и пол години.

Судијата Питер Кејхил ја донесе пресудата откако ги ислуша изказите на членовите на семејството на Флојд, мајката на осудениот Шовин, обвинителството и одбраната.

Самиот Шовин пред судот рече дека изразува сочувство за блиските на убиениот Флојд.

Случајот предизвика огромно внимание во САД, откако беше објавена снимка на која се гледа како Шовин го притиска невооружениот Флојд со колено во вратот, за што подоцна беше утврдено дека е причина за неговата смрт.

Убиството на Флојд го покрена движењето „Black Lives Matter“, кое ги надмина границите на САД и организираше стотици масовни протести против полициската бруталност кон афроамериканците.

Пресудата е поблага од онаа која ја бараше обвинителството – 30 години затвор. Во образложението, судијата Кејхил рече дека не пресудил врз основа на чувствата и симпатиите, ниту јавното мислење, туку во согласност со словото на законот, откако ги разгледал сите факти.

Бројни полициски агенции во САД се во состојба на готовност по објавувањето на пресудата, затоа што се очекуваат реакции и можни протести или други настани.

Би можело да ве интересира

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Полицаец е осуден на три и пол години затвор за соучество во убиството на Џорџ Флојд

Горан Наумовски

Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Шовин се изјасни за виновен за ускратување на граѓанските права на Џорџ Флојд

А1он

Минеаполис гласа за реформа на полицијата, 18 месеци по убиството на Џорџ Флојд

А1он

Дерек Шовин ја обжали пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска