Рускиот воен блогер Владлен Татарски, кој беше убиен во експлозија што се случи на 2 април во кафуле во Санкт Петербург, беше погребан денеска во Москва, а на погребот, меѓу другите, присуствуваа и членови на паравоената група Вагне.
Според руските медиуми, на погребот на блогерот присуствувале неколку стотици луѓе. Еден од оние кои се збогуваа со Татарски беше музичарот Аким Апачев, кој од неодамна е во служба на рускиот режим кога станува збор за продукцијата на руски патриотски и борбени песни.
Сепак, она што го привлече вниманието на медиумите кои присуствуваа на погребот е доаѓањето на претставници на групата Вагнер, меѓу кои и шефот Евгениј Пригожин.
The funeral of "war correspondent" Vladlen #Tatarsky takes place at #Troyekurovskoye Cemetery. There, the deputy Leonid #Slutsky again called for the return of the death penalty in #Russia, and mercenaries of the #Wagner PMC laid a sledgehammer at his coffin. pic.twitter.com/Ib0r07lA3e
— NEXTA (@nexta_tv) April 8, 2023
Наместо венец, што е вообичаено за погреби, членовите на Вагнер донесоа голем чекан на кој беа испишани зборови на жалост.
Руските и украинските медиуми почнаа да пишуваат што всушност сакале да пренесат „вагнеровци“ со овој чин.
„Се испостави дека е прилично двосмислен момент. Според информациите, членовите на Вагнер со голем чекан ги убиваат оние што ги сметаат за предавници“, пишува Страна.