ВИДЕО: Почнува судењето на полицаецот обвинет за смртта на Џорџ Флојд

Од:

Речиси една година по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, денеска во неговиот роден град Минеаполис почнува судењето на еден од поранешните полицајци, вклучен во неговото брутално апсење.

Обвинетиот поранешен полицаец Дерек Шовин, се соочува со обвиненија, вклучувајќи и за убиство од втор степен, што според законите во сојзуната држава Минесота е казниво со затвор до 40 години.

Судскиот процес што се одржува во главниот град на државата, Минеаполис, треба да почне со изборот на порота. Главната расправа во предметот планирано е да почне на 29 март.

Смртта на Флојд, невооружениот Афроамериканец, минатата година предизвика масовни протести против полициското насилство и расизмот низ цела САД, а многу луѓе демонстрираа и во други земји од светот, пренесе ДПА.

Флојд (46) почина на 25 мај 2020 година, откако беше уапсен под сомнение дека платил смета со лажни 20 долари.

Полициските службеници при апсењето го тунале на земја на плочникот пред неговиот автомобил, а Шовин цели осум минути го држел коленото врз вратот на Флојд, додека овој молел да го ослободи бидејќи не може да дише, се гледа на снимка од апсењето.

Според обдукцијата, Флојд изгубил свест и веднаш починал.

Уште тројца поранешни полицајци, освен Шовин, кои беа вклучени во операцијата на апсење, се соочуваат со обвиненија за помагање и убиство од втор степен. За нив е закажано одделно судење, кое ќе почне на 23 август.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија