Едно од трите деца повредени во пукањето во училиште во Финска почина соопшти полицијата. Според ажурираниот полициски извештај, и сторителот и жртвите се 12-годишници. На жртвите од нападот им била укажана лекарска помош во болница.
Насилникот употребил пиштол во нападот, а еден час подоцна бил уапсен на улица во областа Тапуликаупунки на северот на Хелсинки, на околу четири километри од училиштето Виертола. Тој бил вооружен во моментот на апсењето. Околу 10:25 часот во училиштето пристигнале работници од социјалната и итната помош. По 11:00 часот, на родителите им е дозволено да ги земат децата од училиште и да си одат дома.