(ВИДЕО) По земјотресот, Турција зафатена од поплави, има и загинати

Од:

Најмалку пет лица ги загубија животите во поплавите во две турски провинции, кои беа уништени од земјотрес минатиот месец, јави денеска АП.

Силниот дожд и поплавите создадоа дополнителен проблем за илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата, додаваат турските власти.

Едно лице загина во градот Тут во југоисточната провинција Адијаман, кога водата однела контејнер во кој живеела група преживеани од земјотресот, изјави гувернерот Нуман Хатипоглу. Четири лица од Тут се водат за исчезнати.

Во соседната провинција Шанлиурфа четири лица загинаа, а двајца пожарникари се водат како исчезнати по поплавите, изјави гувернерот Салих Аџан за „Хабертурк“.

Силен земјотрес ги погоди јужните делови на Турција и Сирија на 6 февруари, при што загинаа повеќе од 56.000 луѓе, повеќето од нив во Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски