Бразилската полиција растера околу 3.000 демонстранти кои се обидоа да го окупираат стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро, во знак на протест поради големите трошоци за Светското првенство во фудбал, кое што е закажано за идната година.
Според полицијата досега се уапсени осум лица, а повредени нема.
-Не ме интересира за светското првенство, потребно ми е да учам и да можам да се лекувам-скандираа демонстрантите.
Демонстрантите синоќа се собираа пред стадионот, но полицијата им оневозможи да влезат на натпреварот помеѓу Италија и Мексико, така што употреби солзавец.
При отворањето на Купот на конфедерацијата во сабота беше организиран сличен протест но полицијата исто така ги потисна демонстрантите. Тогаш беа повредени 33 лица, а 20 беа уапсени.
Елена Георгиевска