ВИДЕО: Aвтобус излета во езеро во Кина, загина 21 лице

Од:

Кинеските власти соопштија дека 21 лице загинало откако автобус ја пробил заштитната ограда покрај патот и се превртел во езеро во југозападниот дел на земјата.

Според првичните информации, не е позната причината за настанатата несреќа. Автобусот ненадејно свртел и се превртел во езерото Хонгшан. Локалните власти соопштија дека се спасени 15 лица и веднаш се пренесени во болница, а автобусот бил извлечен од езерото. Меѓу патниците имало и ученици кои тргнале на приемни испити, кои оваа недела се одржуваат во Кина.

Во интервенцијата за спасување учествувале повеќе од 140 припадници на протипожарната служба и 19 нуркачи, инцидентот е снимен од блискиот видео надзор.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала