ВИДЕО: По коронавирусот, Вухан го погоди и голема поплава

Од:

Градот кој стана препознатлив во светот по смртоносната пандемија на Ковид-19, денес повторно е во фокусот на светската јавност по информациите дека целата тамошна област е поплавена како резултат на поројните дождови.

Вухан се наоѓа во тешка положба, бидејќи животите на милиони луѓе се доведени во прашање, а кинеските власти  го подигнаа нивото на заштита на алармантно по регистрираните дводневни врнежи од дожд во градот и околината. Регистрирани се повеќе од 250 милиметри дожд за 24 часа или 250 литри на метар квадратен, пренесоа кинеските медиуми.

Водата во каналите и речните корита го премина максималното ниво за интервенција во случај на поплава предвидено од локалните служби, во моментов сите сили се на терен и спасуваат човечки животи. Нивото на заштита од поплави е подигнато на второ од вкупни четири, изјавија кинеските власти.

Според метеоролозите, се очекува врнежите да продолжат не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, кои се наоѓаат во опасност, а со тоа и милиони луѓе се во секојдневна неизвесност и страв за својата иднина. Најризично е во провинцијата Хубеи, чиј главен град е Вухан, кој неодамна беше најтешко погоден од коронавирусот, со повеќе од 3.900 жртви.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он