На улиците во Париз во моментов владее хаос, по конфликтот меѓу полицијата и припадниците на курдската заедница, чии сонародници денеска беа убиени во пукотница.
Fusillade à Paris : des policiers pris pour cible par des manifestants kurdespic.twitter.com/R3VAnGLkLc
— Fdesouche.com est une revue de presse (@F_Desouche) December 23, 2022
69-годишниот осомничен е ранет и уапсен. Парискиот обвинител рече дека осомничениот неодамна бил ослободен од затвор откако нападнал мигранти кои живееле во шатори и дека инспекторите истражуваат можни расистички мотиви за пукањето.
Fusillade à Paris : des policiers pris pour cible par des manifestants kurdes pic.twitter.com/AydB0auEsc
— Fdesouche.com est une revue de presse (@F_Desouche) December 23, 2022
Судирите избија неколку часа по пукањето, додека членовите на курдската заедница извикуваа слогани против турската влада по што полицијата употреби солзавец за да ја растера се повознемирената толпа.
Запалени се голем број корпи за отпадоци низ градот.
Тензиите настанаа додека министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин разговараше со новинарите во близина.