ВИДЕО: Пиротехника го запалила таванот по што настанал хаосот во клубот во Кран-Монтана

Од:

Огромна трагедија го погоди швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога пожар во популарен бар уби околу 40 лица, а околу стотина беа повредени. Според потврдени информации, пожарот избувнал околу 13:30 часот ноќеска, а се сомнева дека е предизвикан од пиротехнички средства.

Еден од сведоците, 19-годишниот Мелко, рекол дека пиротехничките направи поставени на шишиња со алкохол го запалиле таванот на барот, што се совпаѓа со изјавите на други очевидци, пишува N1. Пожарот се проширил со неверојатна брзина, предизвикувајќи паника кај стотици посетители во подрумскиот дел од барот.

Според сведоштвата, пламенот го зафатил таванот за само неколку секунди, по што дошло до стампедо кон излезот. Бидејќи главниот дел од барот се наоѓа во подрумот, до кој се стигнува преку скали, евакуацијата била тешка. Официјалната истрага за причината за пожарот сè уште е во тек.

Познатиот скијачки центар го дочека утрото во шок и неверица, а поширокиот простор околу барот бил блокиран, пренесува Блиц. Жителите се потресени. „Цела ноќ слушавме хеликоптери. На почетокот не разбиравме што се случува поради огнометот. А потоа видовме чад. Страшно е, многу млади луѓе го посетуваат овој бар“, рече еден локален жител.

Една мајка го опиша паничниот повик од нејзината 17-годишна ќерка: „Ме повика во паника. Рече: „Мамо, ужасно е, има пожар. Има мртви луѓе.““ За само неколку секунди, прославата се претвори во ужас. „Излегов на улицата. Главната улица веќе беше затворена. Луѓето околу мене беа изненадени, загрижени, тивки“, додаде таа.

Домарот на соседната зграда и неговата сопруга ги примија евакуираните жители. „Нè разбудија вресоци. Луѓето врескаа, видовме црн чад, мирисаше ужасно. Брзата помош и пожарникарите пристигнаа многу брзо. Жителите на зградата си заминуваа во паника, плашејќи се дека пожарот ќе се прошири. Многумина дојдоа кај нас, им направивме кафе и останавме со нив до четири часот наутро“, ја опиша шокантната ноќ.

Од рано наутро, кантоналната полиција Вале ја држи областа околу барот под целосна блокада, додека форензичките експерти собираат докази. Операцијата за спасување е сè уште во тек, а десетици амбулантни возила се на местото на настанот. Десетина хеликоптери постојано кружат над небото, транспортирајќи ги најтешко повредените во болниците низ Швајцарија. Една од болниците во Женева соопшти дека „проценката на ситуацијата е во тек“ и дека се подготвуваат да примат нови пациенти.

За семејствата на оние што биле во барот во моментот на пожарот, утрото донесе агонија. Властите поставија приемен центар во блискиот конгресен центар каде што родителите и роднините можат да добијат информации. Сцените се срцепарателни. „Замина. Никој не знае каде е“, извика расплакна мајка додека го бараше својот син.

Властите апелираа до граѓаните денеска да избегнуваат ризични активности од солидарност за да не се преоптовари болничкиот капацитет.

Би можело да ве интересира

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија

ВИДЕО: Објавена снимка од почетокот на пожарот во Кран-Монтана

ВИДЕО: Десетици мртви и стотина повредени во експлозијата во Кран-Монтана

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 10 мртви во експлозија во познатото швајцарско скијалиште Кран -Монтана

Катерина Ѓуровски

Четворица мртви во Вадуц, полицијата го истражува случајот

ВИДЕО: Ја уби, го сомле телото во блендер, истрагата заврши, обвинение за сопругот на мисицата