ПРИ слетување на аеродром во Јапонија се запалил авион, јавуваат светските агенции.
Се работи за Ербас А350 на Japan Airlines, а несреќата се случила на аеродромот Ханеда во Токио. Во авионот имало околу 400 луѓе, според информациите кои светските медиуми ги пренесоа од јапонската телевизија, сите се евакуирани.
Пожарот настанал по судир со авион на јапонската крајбрежна стража. Во него имало 6 лица, од кои пет починале. Едно лице, капетанот, е повредено.
Како што јави NHK, пет патници од авионот на крајбрежната стража загинале, додека пилотот кој успеал да побегне е тешко повреден. Авионот бил да помага на настраданите во земјотрецот.