Најмалку пет лица загинаа, а четворица други се ранети денеска кога вооружен напаѓач отвори оган врз присутните во една католичка катедрала во бразилскиот град Кампинас, на сто километри северозападно од Сао Паоло.
BREAKING: A Gunman opened fire inside a Catholic cathedral in Campinas, on the outskirts of Sao Paulo #Brazil shot dead four people before killing himself, four others were injured in the shooting incident. pic.twitter.com/sTnrLXrX7S
— News_Executive (@News_Executive) December 11, 2018
Како што соопшти бразилската полиција, напаѓачот влегол во катедралата во текот на одржувањето миса и почнал да пука кон присутните верници, по што се самоубил.
– Беше страшно. Тој влезе и пукаше по случаен избор кон луѓето додека се молеа, изјави очевидец на нападот за бразилската телевизија Глобо Њуз.
@bernardopkuster Ataque covarde dentro da catedral de Campinas pic.twitter.com/qL3PNinf95
— Ultra 7 Seven (@Rodrigo76780631) December 11, 2018
Мотивите за нападот засега не се познати, а не е соопштен ниту идентитетот на напаѓачот.
Полицијата започна истрага за случајот.