ВИДЕО: Петмина загинати и стотина повредени во експлозија во Тексас

Од:

Стотина луѓе се повредени, а најмалку петмина загинати во голема експлозија во фабрика за вештачко ѓубриво во американската држава Тексас, јавија американски телевизии, но се стравува дека бројот на жртви ќе биде многу голем.

Plant Explosion-Texas

Во експлозијата што се случи во фабрика во гратчето Вест, стотина километри јужно од Далас, а чија причина се уште не е позната, уништени се голем број домови како и еден дом за стари и изнемоштени лица.

teksas-eks-02

Американски медиуми јавуваат за пет загинати, но постои стравување дека бројот на жртви ќе биде „многу, многу поголем“.

Локалната телевизија КХХВ, огранок на Си-Би-Ес, јави дека се стравува оти бројот на жртви може да биде 70 меѓу кои петмина пожарникари и еден полицаец.

Властите побараа евакуација во очекување на нова можна експлозија во фабриката како и заради отровните гасови што се шират низ воздухот.

Портпарол на Одделението за јавна безбедност на Тексас изјави дека веројатно се работи за „стотина повредени“ и уништени голем број домови. Според него, во урнатини од дом за стари и изнемоштени лица евакуирани се повеќе од 130 луѓе, но под урнатините има лица кои не успеале да бидат спасени.

Во локалната болница примени се 66 луѓе од кои 12 во критична состојба. Бидејќи во локалната болница нема доволно места, голем број луѓе прва помош добиле на рагби игралиште на средното училиште во Вест.

Телевизии од хеликоптер прикажуваат инсерти на кои се гледаат голем број луѓе на теренот и пред училиштето. Гувернерот на Тексас, Рик Пери изјави дека државата ги ангажирала сите свои ресурси со кои им помага на локалните власти каде се случи катастрофата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Две лица загинаа, а тројца се повредени во судир на товарен воз во Тексас

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Артан Груби се повлекува од јавниот живот откако се најде на „црната листа“ на САД

A1on

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата