ВИДЕО: Петмина спасувачи загинаа во ударот на тајфунот Нору на Филипини

Од:

Најмалку пет лица загинаа на тајфунот „Нору“ што ги зафати Филипините, тропската бура преследена со екстремни ветрови и обилни врнежи.

Петте жртви се дел на спасувачка екипа, испратена како помош во провинцијата Булакан.

Локалниот гувернер Даниел Фернандо појасни дека спасувачите настрадале кога при интервенција во населено место потпорен ѕид се урнал врз нивниот чамец.

Локалните метеоролошки служби соопштија дека налетите на ветерот синоќа достигнале брзина и до 240 километри на час. Се очекува невремето што се поместува некаде 30 километри на час попладнево да го напушти филипинското копно.

Филипинскиот архипелаг просечно го зафаќаат до 20 тропски бури во сезона. Најсилниот што ги зафати Филипините беше супер-тајфунот „Хаијан“ од ноември 2013 година кога загинаа 6.300 лица, а над четири милиони беа присилно раселени од нивните домови.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони