ВИДЕО: Пентагон потврди дека следи повеќе од 650 НЛО, објави две снимки

Од:

Американската влада следи повеќе од 650 потенцијални случаи на неидентификувани воздушни феномени, познати како НЛО, рече Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (ААРО) на Пентагон.

Киркпатрик вчера пред поткомитетот на Сенатот изјави дека бројот на такви видувања е зголемен од 350 пријавени во некласифицираниот разузнавачки извештај за неидентификувани воздушни феномени објавен претходно оваа година.

„Околу половина од 650 случаи на кои им дадовме приоритет на набљудување поради интересна аномална вредност. Сега треба да ги разгледаме и да утврдиме за колку имаме вистински податоци“, рече Киркпатрик, додавајќи дека неговата канцеларија им помага на Пентагон и разузнавачките агенции да идентификуваат нови технологии од странски земји.

Во исто време, тој пушти видеа од два случаи на НЛО кои беа декласифицирани; едниот е решен и другиот за кој се уште нема објаснување. Првата покажува мала топка која прелета преку екранот на камерата на дрон MQ-9 на Блискиот Исток во 2022 година. Камерата го следеше објектот додека се движеше низ небото во и надвор од погледот.

Киркпатрик објасни дека овој случај е нерешен бидејќи немало други докази освен видеото. „Ќе биде речиси невозможно целосно да се идентификува овој феномен само врз основа на видео“, рече тој.

Друго видео покажува глетка од Јужна Азија претходно оваа година, во која објектот прелетал покрај два дрона MQ-9. Откако експертите го прегледале видеото слика по слика, сфатиле дека се работи за „слика во сенка“. „Ова е инфрацрвено, а ова е топлински потпис на мотор на патнички авион кој случајно летал во близина на местото каде што биле двата беспилотни летала“, објасни тој.

„ААРО досега не најде веродостојни докази за вонземска активност, вонземска технологија или објекти кои не се однесуваат според познатите закони на физиката“, им рече Киркпатрик пред сенаторите, пренесува Си-Ен-Ен.

Членовите на Сенатот потоа го прашаа Киркпатрик за можноста за нови технологии од странски земји како Русија или Кина. Тој одговори дека малиот број видувања на неидентификувани воздушни феномени навистина може да биде доказ за потенцијален технолошки напредок. Ваквите случаи, рече тој, се проследуваат до разузнавачката служба за понатамошна истрага.

“Дали има технолошки способности кои би можеле да се употребат против нас како оружје или во разузнавачка смисла? Апсолутно. Дали имам докази дека е така во овие случаи? Не, но некои фактори ме загрижуваат”, вели Киркпатрик.

НЛО (неидентификувани летечки објекти) се предмети или појави кои по стручно испитување сè уште не можат да се објаснат на конвенционален начин. Ова не значи дека автоматски се работи за вонземјански објекти или некои натприродни сили, но дека моментално нема научно објаснување за видувањата.

Би можело да ве интересира

Тимот на Трамп сoставува црната листа

Пентагон: Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат против Украина

А1он

САД: Уапсен вработен во Пентагон со доверливи, тајни документи

Горан Наумовски

Пентагон: Употребата на оружје на Украина од САД не е ограничена само на Харков

Горан Наумовски

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски