Патник успеал да приземји авион на Хамберсајд аеродромот во Велика Британија, откако на пилотот му се слошило.
Пилотот за време на летот упатил повик за помош кога веќе не бил во состојба да управува со леталото. Двајца инструктори на летот, кои биле во контролната кула, му помагале на патникот кој го презел управувачот во свои раце.
Човекот имал мало искуство со летање и никогаш не приземјил авион, но сепак успеал да слета на аеродромот Норт Линколншир околу 19:30 часот.
„Патникот прелетал преку аеродромот неколку пати и тогаш инструкторите му дале инструкции по кои тој успеал успешно да слета”, рече портпаролот на аеродромот.
Детали за состојбата на пилотот не се соопштени.
Малиот авион полетал од Сендтофт Ерфилд со цел да се направи практична вежба за патник кој учел да лета. За среќа, во авионот имало само двајца патници.