ВИДЕО: Патнички авион се судри со Black Hawk над Вашингтон, се извлекуваат тела од реката Потомак

Од:

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер „Блек Хок“ на американската армија во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“ синоќа, по американско време, соопштија официјални лица. Авионот се урна во реката Потомак, објавија медиумите.

Сенаторот Тед Круз од Тексас потврди на социјалните мрежи дека „има смртни случаи“, но не прецизираше колку. Си-Би-Ес објави дека досега се пронајдени најмалку 18 тела.

Американската федерална управа за авијација (FAA) соопшти дека регионалниот авион на PSA Airlines се судрил во воздух со хеликоптер Black Hawk додека се приближувал до Реган. Претставник на американската војска потврди дека еден од нивните хеликоптери учествувал во несреќата.

Американ ерлајнс објави дека во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот, а авионот може да превезе до 65 патници. Американската војска соопшти дека во хеликоптерот имало тројца војници.

Два извори од полициските сили потврдија за Си-Ен-Ен дека во овој момент нема преживеани.

Официјалните лица се подготвуваат ова да биде најсмртоносната катастрофа во Вашингтон во последните децении откако авион на Ер Флорида се урна на мостот што ги поврзува Арлингтон и Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија