Група млади луѓе запреа автобус во Париз и го гаѓаа со молотови коктели, а на снимката се слуша како извикуваат “Алах акбар“.
Инцидентот се случи во предградието Сент Дени кога млади луѓе поставија контејнери пред автобусот наведе полицијата.
Напаѓачите го натераа возачот и патниците да излезат од автобусот, а потоа почнаа да ги кршат прозорците и да фрлаат молотови коктели.
Полицијата покрена истрага, а мотивите засега не се познати.
Ова е предградие во кое живеат голем број доселеници, и претходно имаше слични инциденти. Овде и се случи полициската рација во која беше убиен еден од предводниците на нападот во Париз во ноември минатата година.