(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Од:

Пакистан соопшти дека извршил ракетни напади на територијата на соседен Иран, два дена откако иранскиот напад ги разгоре односите меѓу двете земји.

Би-Би-Си јави изјавата на пакистанските власти дека нападите се извршени врз „терористички засолништа“ во иранската провинција Систан и Белучистан.

Иранските медиуми објавија дека во тие напади биле убиени три жени и четири деца.

Британскиот медиумски сервис наведува дека овие две земји долго време меѓусебно се обвинуваат за засолниште на екстремистички групи кои вршат напади во пограничните региони.

Се наведува дека синоќа иранските медиуми објавија дека неколку експлозии одекнале во областа околу градот Сараван, во близина на границата со Пакистан.

Пакистанското Министерство за надворешни работи во официјално соопштение потврди дека воздушните напади биле извршени.

– За време на операција спроведена врз основа на разузнавачки информации се убиени голем број терористи – наведено е од Исламабад.

Би-Би-Си јави дека воената акција на Пакистан уследи по жестоката осуда на земјата за нападите што во вторникот ги изврши Иран на територијата на Пакистан, во кои, според информациите од Исламабад, загинаа две деца.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат