По авионската несреќа која ја преживеа двегодишното момче од Тајван, а која се случи откако авионот на „Транс Азија“ удри во мост и се урна во река, експертите се заинтересираа за децата кои со години наназад доживеале слично сценарио.
Тие успеале да се излечат од страотните несреќи, но од друга страна ги изгубиле своите семејства и останеле сами.
Сесилија Чичен
Денес Сесилија има 29 години, но во 1987 година го доживеала гореспоменатото сценарио. Авионот на „Нортвест ерлајнс“ имал проблем во тек на полетувањето, поради што удрил во бандера во близина на пистата по што се запалил.
Урнал уште неколку бандери и кровот на една зградата на аеродромот, а потоа излегол на автопат каде што експлодирал. Сите членови на екипажот и патници меѓу кои и нејзините родители и братот загинале во несреќата, освен Сесилија, која тогаш имала четири години.
Баија Бакари
Авионската несреќа која што Баија ја преживеа се случи во 2009 година. Авионот полета од Јемен кон Коморос, но во меѓувреме се урна во Индискиот океан, при што загинаа сите 153 лица, меѓу кои и нејзината мајка.
Баија која во тоа време имала четиринаесет години околу 13 часа била во водата, држејќи се за остатокот од авионот. Нејзиното преживување се смета за чудо, поради увид во статистичките податоци за преживеани по уривање на авион во море.
Мухамед Ел Фатех Осман
Мухамед Осман покрај момчето од Тајван е најмладото лице кое преживеало авионска несреќа. Несреќата се случила во 2003 година, кога авионот полетал од Порт Судан кон Картум, при што пилотот забележал дека едниот мотор не работи како што треба, пријавил на контролата и го исклучил.
Само десетина минути подоцна во обид принудно да слета авионот се урнал, при што загинале сите патници и членови на екипажот освен двегодишниот Мухамед кој бил пронајден во близина на едно дрво.
Сејлор Гуцлер
Сејлор Гуцлер (7) е единствената која го преживеа падот на семејниот авион во тешко пристапен предел во западен Кентаки, а наспроти бројните поврди успеа да најде помош.
Во несреќата загинаа нејзините родители,сестра и роднина,но храброто девојче успеало да се извлече од остатоците од авионот, да запали гранка од авионот кој се уште горел и да побара помош и покрај тоа што обилно крварела и имала повеќе скршеници.
Девојчето одело нешто повеќе од еден километар низ шума се додека не дошло до првата куќа каде што и помогнале.
Рубен Ван Асоув
Ова е единствениот преживеан патник во авионската несреќа, која се случи во Либија при што загинаа 103 патници и членови на екипажот.
Од една страна тој е најсреќниот патник на тој лет, меѓутоа целиот живот ќе мора да го помине сам, бидејќи неговите родители и брат му загинаа во несреќата.
Бргу по несреќата тој е префрлен во Холандија каде што му е обезбеден соодветен престој.
Е. Г.