Паднал од трактор, ја скршил вилицата

Од:

З.С. (55) од село Алинци е тешко повреден откако вчера паднал од трактор со кој управувал Д.К. од село Кривогаштани.

Како што соопшти полицијата, незгодата се случила во 17:30 часот во атарот на село Канатларци, на некатегоризиран земјен пат кај местото Канатларска Чешма. Тракторот е модел „ИМТ“-533 и немал регистарски ознаки.

Повредениот кој има скршена горна вилица, по укажаната лекарска помош во Општа болница Прилеп, е препратен во Клинички центар Скопје на натамошно лекување.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски