ВИДЕО: Ова се најстрашните бури во светот!

Од:

Ураганот Сенди го пресече целосно источното крајбрежје на САД. Евакуирани се милиони луѓе. Сепак во однос на своите претходници Сенди би можел да се нарече и „малку посилен ветер“.

Најсмртоносната бура до сега е Циклонот Бола во 1970-та година. Го погоди Бангладеш и источна Индија и однесе скоро пола милион животи. Точниот број и понатаму не е познат.

Тајфунот Нина ја погоди Кина во 1975-та година. Дојде до големи поплави. Загинаа повеќе од 100 илјади луѓе.

Ураганот Кен во 2002-та година достигна категорија пет по јачината. Го погоди западниот брег на Мексико и го уништи градот Сан Блас. Ветерот достигнуваше брзина од скоро 200 километри на час, брановите беа високи до пет метри, а штетата беше проценета на 100 милиони долари.

Последен пат кога Хаваи беше погодено од бура, беше во 1992-та година, од ураганот Иники, остаток од Ел Нињо кој пустошеше во периодот од 1992 и 1994-та година. Загинаа шест луѓе, а штетата изнесуваше скоро две милијарди долари. Жителите со денови беа без струја.

Во почетокот на минатиот век, точно во 1900-та година Галвестон во Тексас беше погоден од ураган од 4-та категорија. Градот беше срамнет, срушени беа 3.600 куќи, а загинаа повеќе од 6 илјади луѓе.

Ураганот Ајк беше еден од најразорните. Штетата од неговиот удар на Карибите и во Америка се мери во десетина милијарди долари. Загинаа 195 луѓе.

Ураганот Ендрју во 1992-та направи пустош на Флорида, во Луизијана и на Бахамите. Штетата достигна до 26 милијарди долари. Загинаа 50 луѓе.

Најразорен ураган која досега ги погодил Соединетите Американски Држави и од кој се уште се чувствуваат штетите е Катрина. Катаклизмички слики го обиколуваа светот со недели. Граѓаните беа бесни на владата затоа што не реагирала навремено.

Би можело да ве интересира

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит