ВИДЕО: Одмазда на Иран, напади на Катар, Саудиска Арабија и Емирати

Од:

Иран почна воени напади врз неколку земји од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, откако беше погодено гасното поле Јужен Парс. Оваа ескалација дополнително ги зголеми тензиите во регионот и предизвика загриженост за глобалната енергетска безбедност.

Министерството за надворешни работи на Катар остро ги осуди иранските напади врз енергетските постројки во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Во официјалното соопштение се наведува дека овие напади се „грубо кршење на принципите на меѓународното право“ и претставуваат „сериозна закана“ за глобалната енергетска безбедност.

Во соопштението за медиумите се истакнува и дека „бруталната иранска агресија“ кон соседните земји „ги премина сите црвени линии“. Катарските власти ја нагласија итна потреба од смирување на ситуацијата со цел да се врати регионалната и меѓународната безбедност и стабилност.

Претходно, според достапните информации, ирански ракетен напад ја погоди индустриската зона Рас Лафан во Катар.

Би можело да ве интересира

Од тешките повреди почина иранскиот функционер Камел Харази

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Арагчи: САД стојат пред избор – примирје или ескалација

Пезешкијан: Иран ќе одговори решително на нападите и кршењето на примирјето