Погребот на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во американски воздушен напад во Ирак, е одложен откако во метеж на погребната поворка во неговиот роден град Керман загинаа најмалку 40 луѓе, пренесе иранската агенција Исна.
Во извештајот не е наведено за кога е одложен погребот.