ВИДЕО: Од урантиот хотел во Германија спасено двегодишно дете

Од:

Доцна синоќа околу 11 часот делумно се урна хотел во германската покраина Рајнланд-Пфалц. Едно лице е пронајдено мртво, а осум останале заробени под урнатините. Неколку лица се спасени од урнатините меѓу кои и едно дете.

Според германските медиуми, се работи за двегодишното дете кое нема видливи повреди, но ќе биде однесено и прегледано во болница.

Заедно со детето спасени се уште две жени и еден маж и куче.

Затрупаните под урнатините се на возраст од две до 81 година, пренесоа германските медиуми.

Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД