Објавено е видео од несреќата во Њујорк во која авион на „Ер Канада експрес“ се судри во противпожарно возило, при што загинаа пилотот и копилотот.
View this post on Instagram
На видеото се гледа како авионот се движи по пистата со голема брзина, а од некоја причина пред него се појави противпожарно возило, во кое се удри.
Поради силата на ударот, противпожарното возило прелета неколку десетици метри, додека авионот беше тешко оштетен.
Освен двата смртни случаи, во оваа несреќа повредени се десетици луѓе.
Телевизијата NBC објави дека противпожарното возило го возеле полицајци. Претходно беше објавено дека еден наредник и еден полицаец се здобиле со скршеници на коските и се во стабилна состојба во болница.
Авионот „Ер Канада експрес CRJ-900“ превезувал 72 патници и четири члена на екипажот од Монтреал, според прелиминарниот список на патници кој сè уште е предмет на потврда.
Авионот го удри противпожарното возило со брзина од околу 39 км/ч, според страницата за следење на летови Flightradar24.
