Руската државна телевизија остро го критикуваше Евгени Пригожин, прогонетиот водач на Вагнер, кој започна вооружен бунт минатиот месец, и објави дека истрагата за тоа што се случи сè уште се води.
Пригожин, основач на платеничката група Вагнер, ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде Русија ја координира својата војна во Украина и испрати колона борци кон Москва пред да се откаже по склучувањето договор со Кремљ.
Неговиот бунт претставува најголема закана за претседателот Владимир Путин откако рускиот лидер дојде на власт пред повеќе од две децении и го принуди Кремљ да се раздвижи за да ја ограничи штетата и да ја нагласи потенцира лојалноста на вооружените сили.
Според договорот со кој заврши бунтот, Пригожин, чија цел беше да ги смени министерот за одбрана и началникот на Генералштабот поради, како што рече, нивното некомпетентно водење на војната, требаше да се пресели во соседна Белорусија. Во замена, кривичната пријава против него требало да биде отфрлена.
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) July 5, 2023
Но, програмата наречена „60 минути“ емитувана во средата навечер на државниот ТВ канал Росија-1 го покажа она што беше наведено како ексклузивна снимка направена за време на полициските рации во канцеларијата на Пригожин во Санкт Петербург и еден од неговите имоти во тој град.
Водителот на програмата, пратеникот Евгениј Попов, го нарече Пригожин „предавник“, а видеото го презентираше специјално поканет гостин – новинарот Едуард Петров – како доказ за криминалното минато на Пригожин и лицемерието во прозивките за корупција во вооружените сили.
На видеото се прикажани кутии полни со пари во неговата канцеларија и купови долари во неговата луксузна резиденција, заедно со, како што се вели, неговиот личен хеликоптер, складиште за оружје, колекција на перики, комплетно опремена просторија за медицински третмани.
„Никој не планира да го затвори овој случај. Истрагата е во тек“, рече Петров, кој рече дека инспекторите заклучиле дека видеото што го користел Пригожин како изговор за започнување на бунтот, на кое се гледа наводен руски напад врз логор на платеници, е лажна. Беа прикажани слики од вооружени руски агенти за спроведување на законот кои влегуваат во канцеларијата на Пригожин.
⚡️Also from Prigozhin’s mansion: pic.twitter.com/zyAPS051zz
— War Monitor (@WarMonitors) July 5, 2023
„Верувам дека создавањето на ликот на Евгениј Пригожин како национален херој го направија медиумите хранети од Евгениј Пригожин“, рече Петров, мислејќи на медиумите финансирани од Пригожин.
Тој рече дека во становите и канцелариите на Пригожин биле пронајдени пари во вредност од 600 милиони рубли (6,58 милиони долари). Пригожин рече дека Вагнер работи само со готовина, која ја користел за да ги плаќа трошоците. Путин рече дека државата го финансира Вагнер.
Во емисијата беа прикажани повеќе пасоши што ги користел Пригожин, а кои носат различни имиња. Не може нормален човек да има толку пасоши“, рече Петров. „Зошто оваа личност имаше толку чудни овластувања како сериозен водач на некаква криминална група“, праша тој.
„Мораме да откриеме кој бил на чија страна (во бунтот). Мораме да ги казниме и да ги гониме“.