(ВИДЕО) Објавена снимка: Чувари претепаа затовреник во Америка, умре следниот ден

Од:

Во американската јавност е објавено вознемирувачко видео на кое се гледа како чувари го тепаат 43-годишниот затвореник Роберт Брукс во затвор во државата Њујорк, кој почина еден ден подоцна, јавува Би-би-си.

Според прелиминарниот извештај, Брукс починал на 10 декември од задушување предизвикано од компресија на вратот. Чуварите од се’ уште непознати причини го одвеле Брукс во медицинската соба. На снимката се гледа како полицајците постојано брутално го удираат Брукс по целото тело додека тој бил врзан.

Во еден момент еден од чуварите го фатил за врат, а потоа силно го фрлил на масата.

Чуварот исто така му ставил нешто во устата на Брукс пред да го удри. Снимките, сепак, не вклучуваат звук, па се уште не е познато што точно му претходело на бруталниот напад.

Инцидентот предизвика бурни реакции. Гувернерот на Њујорк Кети Хочул реагираше брзо, наредувајќи отпуштање на 13 чувари и еден медицински техничар вклучени во нападот. Канцеларијата на јавниот обвинител Летиција Џејмс отвори истрага за смртта на Брукс, додека синдикатот на затворските работници го осуди инцидентот.

Брукс инаку отслужуваше 12-годишна затворска казна за физички напад, според Асошиејтед прес. Тој беше префрлен во затворот Марси од блискиот поправен дом Мохавк истиот ден кога се случи инцидентот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД