(ВИДЕО) Објавена e снимка од големиот ноќен напад на Русија

Од:

Руската војска во средата објави дека соборила неколку украински беспилотни летала на нејзина територија. Руската војска на Телеграм објави дека соборила три украински беспилотни летала над јужниот регион Брјанск, еден над централниот регион Орлов и еден во регионот Калуга, јужно од Москва.

Руските власти соопштија дека бил нападнат аеродромот Псков во близина на границата со Латвија и Естонија.

„Министерството за одбрана го одби нападот со дрон на аеродромот во Псков“, напиша гувернерот на Псков, Михаил Ведерников на апликацијата за пораки Телеграм.

„Како резултат на нападот со беспилотно летало, оштетени се четири авиони Ил-76. Избувнал пожар, а два авиони се запалија“, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на итните служби.

„Киев пост“ сега објави наводна снимка од ударот во еден од авионите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија