(ВИДЕО) Обама: Се уште не знаеме кој стои зад нападот во Бостон, но ќе го откриеме

Од:

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека се уште не се знае кој и зошто го извел нападот во Бостон, но нагласи дека поединец или група која тоа го сторила ќе биде откриена и правдата ќе биде извршена.

Обама нагласи дека во тек е истрага.

– Продолжуваме да ја следиме ситуацијата. Американците се молат за Бостонци, како и Мишел и јас за семејствата на жртвите, изјави Обама на брифинг во Белата куќа.

– Разговарав со лидерите на двете партии во Конгресот, денес не сме републиканци или демократи, туку Американци, изјави Обама.

Тој вети дека сета можна федерална помош ќе им биде дадена на граѓаните на Бостон.

– Денес беше празник во Бостон. Тоа е цврст град и граѓаните ќе се држат заедно и ќе продолжат понатаму, изјави синоќа Обама.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он