Индонезиската морнарица објави видео на кое се гледа како нуркачите пребаруваат по остатоците од урнатиот авион кој падна во морето во текот на викендот. Продолжува обидот да се дојде до црните кутии.
Боингот 737 со 62 патници изчезна од радарот на патот кон островот Борено во саботата. Веќе се пронајдени остатоци од авионот како и остатоци од човечки тела. Црните кутии се лоцирани, но уште не се обезбедени.
Преживеани нема. Околу 2600 луѓе се инволвирани во мисијата за што побрзо да се дојде до што повеќе докази и сознанија за причините за несреќата.