(ВИДЕО) Ново пукање во училиште во Турција: Има мртви и ранети

Од:

Четири лица се убиени, а 20 други беа ранети кога ученик од основно училиште отвори оган во училиште во југоисточната турска покраина Кахраманмараш, изјави гувернерот Мукерем Унлуер.

Унлуер рече дека меѓу загинатите е еден наставник и дека напаѓачот бил ученик кој го користел пиштолот на својот татко, кој го скрил во ранецот, за да го изврши нападот, објави Ројтерс.

Тој додаде дека напаѓачот, исто така, почина.

Еден ден претходно, во Турција се случи уште еден сличен инцидент. Поранешен ученик (19) отвори оган во средно училиште во покраината Шанлиурфа, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници. Напаѓачот употребил пушка и извршил самоубиство откако бил опколен од полиција.

Би можело да ве интересира

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби