(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?

Од:

Новинарот на про-Трамп, Брајан Глен, со потсмев го праша Зеленски за неговата облека.

“Зошто не носиш костум? Ти си највисокиот функционер во својата земја и одбиваш да носиш одело. Само сакам да видам дали воопшто имаш одело”, рече Глен. Потпретседателот на Трамп, Џеј-Ди Венс, се насмеа во тој момент.

Зеленски одговори: „Имаш ли проблем со тоа?

Новинарот на Трамп одговори: „Имам проблем со непочитување…“

Зеленски одговори: „Ќе облечам костум кога војната ќе заврши, можеби нешто како твојот, можеби нешто подобар, не знам, ќе видиме. Можеби нешто поевтин“.

Се вклучи и Трамп.

„Ми се допаѓа твојата облека. Иако мислам дека тој е одлично момче, не знам дали вие двајцата навистина си се допаѓате“, му рече Трамп на Зеленски, мислејќи на Глен. Зеленски одговори дека нема ништо против него и дека не го ни познава.

Интересно е и тоа што Трамп го пречека Зеленски на влезот во Белата куќа со коментар за неговата облека.

„Видете, тој се среди“, им рече тој на новинарите, покажувајќи со прст кон Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски

„Дејли меил“: Трамп го замоли Џ.Д. Венс да најде излез од војната со Иран

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје