Постапката на Колин Бразиер, новинар во „Скај Њуз“, кој во тек на известување за несреќата на малезискиот авион „Боин 777“ од местото на настанот, помеѓу остатоците од леталото, претура по личните предмети на жртвите, предизвика бурни реакции ширум светот.
Тој во јавување во живо е снимен како зема клучеви и четка за заби од отворена патна торба на една од жртвите.
– Вашиот новинар нека престане да копа по личните работи на местото на несреќата. Навистина не би требало да го прави тоа. Тие предмети сега се „свети“ за семејствата на настраданите – рече радио водителот на „BBC“, Шилаг Фогарти.
Портпаролот на „Скај њуз“ изјави дека Колин сфатил дека не е добро тоа што го направил и дека се извинуваат доколку некого навредиле.
Е. Г.