ВИДЕО: Нови снимки од штетите што ги направи земјотресот во Јапонија

Од:

Во силниот земјотрес што ја погоди централна Јапонија на Нова година загинаа најмалку 48 луѓе, а потрагата по преживеани под урнатините продолжува. Најмалку 45 илјади домови се без струја.

Сè уште не се познати обемот на штетата и бројот на жртвите ден по земјотресот.

Пожарникарите соопштија дека 25 згради, вклучително и куќи, се урнале во градот Ваџима. Велат дека луѓето би можеле да останат заробени под 14 згради. Пожарникарите се обидуваат да ги спасат.

Во меѓувреме, од противпожарната служба велат дека пожарот што избувна вчера во центарот на градот Каваи веќе не е опасност да се прошири, но пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат.

Околу 200 згради, вклучувајќи продавници и куќи, се верува дека се изгорени околу улицата Асаичи, популарна туристичка точка.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија