ВИДЕО: Нови морничави снимки од масакрот во Русија, Путин најави измена на законите за оружје

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска, по масакрот во училиште во Татарстан во кој загинаа најмалку седум луѓе, дека ќе се преиспитуваат законите и правилата за поседување и носење оружје, откако беше утврдено дека напаѓачот користел оружје за кое имал валидна дозвола.

„Претседателот наложи повторно да се разгледаат правилата кои дозволуваат носење оружје во Русија, посебно кога се работи за типот на оружје кој е дозволен за користење од цивилното население“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од денешните морничави настани во и околу училиштето, а на една од нив се гледа како две ученички скокаат од третиот кат на училиштето за да се спасат од куршумите на убиецот.

Во нападот, кој го извршил 19-годишен поранешен ученик во 175-тата гимназија во градот Казан, ранети се 16 луѓе, а наспроти првичните информации кои говореа за 11 жртви, подоцна беше известено дека загинале седуммина.

„Изгубивме седум деца. Четири момчиња и три девојчиња. 16 лица, 12 деца и четворица возрасни,“ се во болница, изјави Русам Миниканов, гувернерот на Татарстан.

„Терористот е уапсен. Тој е 19-годишен, а оружјето му било пријавено“, додаде тој, нарекувајќи го денешниот инцидент „голема трагедија за целата држава“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот