(ВИДЕО) Нов Зеланд e погоден од најсилните ветрови во последните 10 години

Од:

Училиштата се затворени, а летовите откажани откако главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, беше погоден од најсилните ветрови во повеќе од една деценија, додека делови од Јужниот Остров на земјата се прогласени за вонредна состојба по 24 часа обилни дождови.

Просечната брзина на ветерот достигна 87 километри на час во Велингтон, што е највисока брзина од 2013 година, додека налетите на ветерот јужно од главниот град кај крајбрежниот Баринг Хед достигнаа 160 километри на час, соопшти владината метеоролошка служба.

За Велингтон е издадено највисоко можно црвено предупредување за ветер.

„Ова е секако посилно од просечниот лош ден во Велингтон“, рече Ден Нили, портпарол на Агенцијата за управување со вонредни состојби во регионот Велингтон.

„Некои патишта се затворени во различни делови од регионот. Брановите ги преплавуваат крајбрежните патишта и оставаат ѓубре на нив“, додава тој.

Жителите се повикуваат да останат во затворен простор каде што е можно и да обезбедат надворешен мебел и трамболини.

Летовите на меѓународниот аеродром во Велингтон беа откажани до попладне, а фериботската услуга помеѓу Северните и Јужните Острови беше суспендирана. Голем број локални училишта и Универзитетот Викторија во Велингтон објавија дека ќе бидат затворени за тој ден.

Додадено е дека обилни дождови паѓаат и во регионот Кентербери на Јужниот Остров, каде што е прогласена локална вонредна состојба поради поплави и зголемување на нивото на реките.

Централниот округ Селвин на Јужниот Остров прогласи вонредна состојба откако дождовите предизвикаа поплави и зголемување на нивото на реките. Окружниот совет соопшти дека се делат вреќи со песок и дека од луѓето се бара да штедат вода.

Окружниот началник Сем Бротон во објава на Фејсбук изјави дека низ Селвин се развил значителен ризик од поплави, особено во низинските области, а од жителите во најпогодените области се бара да се евакуираат.

Би можело да ве интересира

Невреме во САД: Најмалку тројца загинаа, а половина милион луѓе останаа без струја во неколку држави

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД