ВИДЕО: Нов термин, вулгарни закани и измешани пораки – Трамп за Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително го разјасни рокот што му го даде на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец, велејќи дека истекува во вторник во 20 часот по источно време, што е 2 часот наутро средноевропско време.

„Вторник, 20 часот по источно време!“ напиша Трамп во нова објава на социјалните мрежи.

Тој претходно се закани дека ако Иран дотогаш не го отвори клучниот бродски пат, САД ќе ја таргетираат критичната инфраструктура во земјата.

Трамп дополнително ја интензивираше реториката, велејќи дека вторник може да биде „ден за електрани и мостови“, алудирајќи на можни напади врз енергетската и транспортната инфраструктура.

Ова е најновата во низата закани што американскиот претседател ги упати до Техеран откако САД и Израел започнаа напади врз Иран, по што Техеран практично го затвори Ормутскиот теснец.

И покрај острата реторика, Трамп, исто така, навести дека сè уште може да се постигне договор.

Во разговор за Фокс њуз, тој рече дека има „добри шанси“ Иран да постигне договор до утре, додавајќи дека Техеран „моментално преговара“.

Ормутскиот теснец е еден од најважните светски бродски патишта, преку кој се пренесува околу една петтина од глобалната трговија со нафта, а неговата блокада предизвикува сериозни нарушувања на енергетските пазари.

Би можело да ве интересира

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод

Раководството на САД е поделено околу продолжувањето на воените операции во Иран

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Иран: Нетанјаху избега од Израел

Горан Наумовски

Иран: Повеќе од 200 американски војници се убиени, многу повеќе се ранети