(ВИДЕО) Нов напад врз Иран: Погодена е болница, црн чад се издигаат над градовите Машхад и Керманшах

Од:

Според најновите информации, Израел извршува нов напад врз Иран. Градот Машхад е нападнат, а на социјалните мрежи се споделуваат и видеа од погодената болница во градот Керманшах.

Видео објавено на интернет покажува густи столбови од црн чад како се издигаат над Машхад по израелскиот напад врз градот во североисточен Иран, во она што е еден од најдлабоките напади во Иран откако започнаа борбите во петокот.

Новинската агенција „Тасним“ исто така тврди дека Израел бомбардирал зграда на противпожарна служба во Мусијан во западната покраина Илам, објавувајќи видео снимки од чад што се издига од местото на нападот. Медиумот кој е тесно поврзан со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, соопшти дека во Керманшах се случил посебен напад и дека е оштетена болница.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Хегсет: Иран побара прекин на огнот

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“