ВИДЕО: Нов напад со дронови на Москва

Од:

Руската воздушна одбрана уништи беспилотно летало кое се движело кон Москва, соопшти утрово градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин. Дронот е уништен во близина на Љуберци, југоисточно од Москва, додаде тој.

„Според првичните информации, нема жртви или материјална штета. Екипите на итната помош се на местото на настанот“, рече Собјанин.

Претходно привремено беа затворени два московски аеродроми, Дудедово и Внуково, објави државната новинска агенција Тас, повикувајќи се на соопштенија од авијацијата.

На социјалните мрежи, жителите на Москва споделуваат видеа и сведочат дека случале екплозии.

Би можело да ве интересира

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Претставникот на Трамп тврди дека Зеленски прифатил да се одржат претседателски избори

ВИДЕО: Жесток руски напад на Запорожје, тројцата мртви

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина