Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг помина едно попладне возејќи „во тајност“ такси во Осло.
Столтенберг рече дека сакал да слушне што прават и мислат вистинските гласачи и дека таксито е едно од малубројните места каде луѓето можат да ги разменат своите вистински мислења. Тој носел очила за сонце и униформа на таксист во текот на јуни и го откривал идентитетот само тогаш кога некој од патниците ќе го препознаел.
Неговиот разговор со патниците се снимал со скриена камера. Снимката која е направена во соработка со рекламна компанија поставена е на профилот на норвешкиот премиер на социјалната интернет страница Фејсбук. Снимката е обработена и ќе биде употребена за неговата кампања пред изборите во септември.
На ниту еден од патниците кои се возеле не им било наплатено. Премиерот сам себе се критикувал за возењето, затоа што во еден момент се обидел да притисне квачило иако таксито имало автоматски менувач. Според неговите зборови во автомобил не бил осум години.
Столтенберг е многу славен во Норвешка, но, според последните резултати од анкетите заостанува зад опозицијата. На прашањето дали размислува за тоа да стане возач на такси доколку изгуби на изборите, Столтенберг одговорил дека „мисли дека на норвешките патници со такси подобро ќе им служи како премиер отколку како возач“.