Верона вчера ја зафати големо невреме. На снимките објавени во италијанските медиуми и на социјалните мрежи се гледа колку град наврнало и колку улиците во градот се поплавени, пренесува ХРТ.
Според весникот „Република“, водата во некои улици надминала 1,5 метар, најмалку 500 дрвја се турнати на земја, а пожарникарите примиле стотици повици.
-Чудо е што никој не е повреден, наведуваат.
Невремето ја погоди и Виченца, а претседателот на регионот Венето, Лука Заја, најави дека ќе објави кризна состојба за Верона и другите заедници.