(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Од:

Барањето на јужнокорејската опозиција за отповикување на претседателот Џун Сук-јол, поради одлуката за воведување воена состојба, денеска беше одбиено во парламентот во Сеул поради немање кворум, односно поради напуштање на седницата од страна на владејачката партија, пренесува Јонхап.

Барањето за импичмент на Јун уследи по неговата одлука да воведе воена состојба во земјата, што предизвика масовни протести.

Џун воведе воена состојба во вторникот за да ги искорени, како што рече, „антидржавните сили“, обвинувајќи ја опозицијата за парализирање на функциите на владата со барањата за отповикување на владата и предложените буџетски кратења.

Во пресрет на денешното гласање, Џун јавно се извини и вети дека ваква избрзана одлука нема да се повтори во иднина.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк