(ВИДЕО) Нетанјаху им ја честита на Иранците персиската Нова Година на нивниот мајчин јазик: Светлината ќе ја победи темнината, драги пријатели

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на социјалните мрежи X во кое им ја честита на Иранците персиската Нова Година (Норуз), која се слави во петок, 20 март.

– На големиот народ на Иран, ви посакувам, како и секоја година, среќен празник што започнува со Фестивалот на светлината. Тој го означува древното верување на иранскиот народ дека светлината ќе ја победи темнината, дека доброто ќе го победи злото. Оваа година, овој празник има посебно значење. Прославете го со вашите пријатели, вашето семејство, вашите најблиски. Ја користам оваа можност да ви посакам среќен Норуз, година на слобода, нов почеток на надеж, на сите вас, мои драги пријатели – вели Нетанјаху на англиски јазик, а потоа завршува со зборови на фарси, јазикот што се зборува во Иран.

Би можело да ве интересира

Американците извршија напади врз иранските пристаништа

„Политико“: Најголемата пречка за договорот со Иран може да биде егото на Трамп

Трамп: Иран не може да има нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Канал 12: „Доколку договорот со Иран не успее, ќе следи нова војна“

Калибаф: Победата во војната го претвора Иран во глобална сила

Горан Наумовски

Иран не го прифати американскиот план

Горан Наумовски