(ВИДЕО) Несреќа во забавен парк во саудискиот град Таиф, повредени се 23 лица

Од:

Несреќа се случи вчера во саудискиот град Таиф во забавен парк во областа Aл-Хада, при што се повредени 23 лица, меѓу кои и неколку девојки. Три лица се тешко повредени. Според информациите што ги доби саудискиот портал Сабк од извори блиски до истрагата, инцидентот се случил додека група девојки уживале во возењето на еден вид вртелешка познати како „360“.

Одеднаш, системот се срушил и машината на која се возеле се скршила на половина. На видеото објавено на социјалните мрежи може да се види моментот на уривањето, како и вресоците на шокираните девојки, како и посетителите на забавниот парк кои во тој момент биле во близина.

Надлежните безбедносни и итни служби реагирале веднаш откако бил пријавен инцидентот и пристигнале на местото на настанот.

Повредените се однесени во болница, а властите започнаа итна истрага за да ги утврдат околностите и причината за несреќата.

Еден од роднините на повредениот изјавил за Сабк дека двајца негови роднини претрпеле сериозни повреди и моментално се на интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Жечезничка несреќа во Чешка: Пет патници се тешко повредени

Повеќе од 20 повредени во експлозија во близина на Буенос Аирес